Примарна здравствена заштита

Услуги на Оаза Медика

Сеопфатна лекарска грижа за секој пациент — од рутински прегледи до насочени скрининзи, административна поддршка и далечински консултации.

Услуги Оаза Медика Услуги Оаза Медика Услуги Оаза Медика Услуги Оаза Медика

Што нудиме

Сите услуги на ординацијата, организирани по категории.

1
Основни и напредни дијагностички и терапевтски услуги
Прегледи, домашни посети, насочени скрининзи и терапевтски интервенции.
Форми на лекарска грижа
Прегледи во ординација — Општ преглед, консултации и следење на здравствената состојба.
Домашни посети — Посета на пациентот во неговиот дом кога неговата состојба не дозволува доаѓање во ординација.
Терапевтски услуги — Апликација на инјекции (ампуларна терапија), преврзување на рани и мали хируршки интервенции.
Насочени прегледи (скрининзи)

Кардиоваскуларен скрининг

Идеален за пациенти со висок притисок, стресна работа или фамилијарна историја на срцеви заболувања.

ВклучуваМерење на тензија, 12-канално ЕКГ со толкување, аускултација на срце и бели дробови, проверка на заситеност со кислород и пресметка на индекс на телесна маса.

Дијабетолошка проверка

Насочен преглед за рано откривање на дијабетес тип 2 или следење на постоечки пациенти.

ВклучуваГликемија на гладно, мерење обем на струк и тежина, едукација за исхрана и навремено превенирање на компликации.

Невролошки основен преглед

Насочен кон пациенти кои се жалат на вртоглавици, трнење на екстремитетите или болки во рбетот.

ВклучуваТестирање на рефлекси, сензибилитет на кожата, рамнотежа и координација.

ОРЛ скрининг

Фокусиран на пациенти со чести инфекции на увото или проблеми со слухот.

ВклучуваДиректна отоскопија на ушниот канал и тапанчето, преглед на грлото под силно светло, терапевтско чистење на слушен канал и останати тестови.

Останати специјалистички прегледи

Кога ќе постои доволен интерес, ќе организираме специјални термини во кои специјалисти од различни области ќе ординираат директно во нашата установа — без потреба пациентот да патува.

2
Превентивни услуги
Програми за рано откривање на болести и систематски прегледи.
Рано откривање на кардиоваскуларни болести — Мерење на крвен притисок, ЕКГ и следење на ризик фактори.
Скрининг за дијабетес — Контрола на шеќер во крвта кај одредени возрасни групи.
Превенција на бубрежни заболувања — Анализа на урина и следење на функцијата на бубрезите.
Скрининг за ментално здравје — Евалуација и упатување при знаци на депресија, анксиозност и слично.
Скрининг за преканцерозни состојби — Рано откривање на промени кои може да прогредираат кон малигна болест.
Систематски прегледи — За деца, ученици и одредени категории возрасни лица.
3
Административни и советодавни услуги
Рецепти, упати, боледувања, потврди и напреден систем за закажување.
Издавање рецепти — Препишување лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот (е-рецепт).
Упати — Издавање упати за лабораториски испитувања и специјалистичко-консултативни прегледи преку системот „Мој Термин".
Ефикасна листа на чекање — Напреден компјутерски систем за брзо закажување на штотуку објавен слободен термин кај доктори или специјалистички ресурси.
Боледувања — Утврдување на привремена спреченост за работа до 15 дена и стручно упатување на комисија за продолжување над 15 дена.
Потврди и извештаи — Лекарски потврди за оправдување отсуство од училиште или градинка, како и извештаи за здравствената состојба.
4
Телемедицина и далечински консултации
Стручна медицинска поддршка без физичко присуство.
Видео-консултации — Разговор за симптоми, следење на веќе пропишана терапија и толкување на лабораториски резултати.
Е-рецепти и е-упати — Продолжување на редовна терапија за хронични дијагнози по извршена онлајн консултација.
Мониторинг на витални параметри — Пациентот мери притисок или шеќер дома и ги соопштува податоците, кои се внесуваат во електронското досие.

Што е бесплатно, а што се плаќа?

Преглед на статусот на најчестите услуги за осигурени лица.

Услуга Статус Забелешка
Преглед во ординацијаБесплатноБез партиципација за осигурени лица.
Препишување лекови / упатиБесплатноСтандардна услуга на матичниот лекар.
Ампуларна терапијаПартиципацијаСе наплаќа само за материјалот (шприц, игла, ампула).
Домашна посетаПартиципацијаСе наплаќа само за потрошените средства за километрите (доколку не е итна состојба).
Услуги по желбаСе наплаќаСè што е надвор од основниот пакет на ФЗОМ.

Имате прашање за некоја услуга?

Јавете се или испратете е-маил — тимот на Оаза Медика е тука за вас секој работен ден.